„Честитки за нашата ученичка Милена Ангелова која освои два бронзени медали на Меѓународна олимпијада по геонауки. Имаме со што да се гордееме, ти посакуваме уште многу успеси и успешни приказни во иднина и достоинствено претставување на училиштето, општината и државата. Честитки до професорите ментори од ПМФ и професорката по географија Анета Николова“, се вели во објавата на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“.
Македонското географско друштво претходно објави дека на Светската олимпијада по геонауки IESO, 2024. македонскиот тим има неколку добитници.
Медали освоија: Ивана Атанасоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, општина Прилеп, Милена Ангелова од СОУ „Методија Митевски Брицо“, општина Делчево, Михаела Павловска од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ , град Скопје и Атанас Ташкоски, СОУ „Наум Наумовски Борче“, општина Крушево. Благодарност за менторите за максималната посветеност и ангажираност во процесот на подготовка но и придружување на учениците: проф. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, проф. д-р Свемир Горин, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, истакнаа од Македонското географско друштво упатувајќи голема благодарност и до спонзорот Бучим од Радовиш, кои финансиски го помогнаа учеството на олимпискиот тим во Пекинг.
На крај упатија честитки за учениците, менторите, родителите, наставниците и сите останати кои биле директно и/или индиректно вклучени во подготовката на националниот тим.