понеделник, 6 јануари 2025

Убиството во Тетово се случило на 31 декември, откриено е по два дена

Според најновите информации од МВР, убиството на С.Н. од Тетово од неговиот татко М.Н. извршено е во последниот ден од 2024 година, иако било откриено на 2 јануари 2025.

Објавено на

часот

Сподели

„На 02.01.2025 околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко М.Н.(65), кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело ‘убиство’ сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ