На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.