Според фотографиите од лице место, телото на мажот кој најверојатно бил мета на сторителот или сторителите лежи на улица.
Полицијата во моментов врши увид и го обезбедува местото на настанот за кој очекуваме и официјални информации.
Ова е второ пукање во последните 24 часа. Вчера било пукано во возило во движење во кое имало две лица, од кои едниот е тешко ранет и е пренесен на натамошно лекување на скопските клиники.
Според неофицијалните и првични информации мета во вчерашниот настан било лицето Н.А. Пукањето се случило кај местото викано Агросервис. На лице место се пронајдени седум чаури.
Фото: МКД.мк