сабота, 27 јули 2024
Крвна одмазда

Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на еден од водачите на „Дуќанџик“

Вечерва во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце е убиен педесет и шестгодишен маж, потврдија за МКД.мк од МВР. Како што дознаваме од наши извори, убиен е таткото на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, кое се случи во Грција. Гани Туша во моментов е во Истражниот затвор во Шутка осомничен за други кривични дела.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Орхан Бајрами Оки од Македонија, кој се сметаше за еден од главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, беше убиен на 15 јули 2023 година, додека бил на одмор на Халкидики, а неговото убиство се поврзува со името на Гани Туша.

Полицијата врши увид на местото, а засега нема осомничен за убиството на таткото на Туша.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ