сабота, 21 декември 2024

Убиен е градоначалник во Мексико, само неколку дена по преземањето на функцијата

Градоначалникот на Чилпансинго, главен град на државата Гереро во јужно Мексико, е убиен само една недела по преземањето на функцијата, соопштија официјални лица.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Алехандро Аркос (43) минатиот понеделник положи заклетва како градоначалник на Чилпансинго, каде целосно владее насилство.

Минатата година, нарко банда отворено организираше демонстрации таму, киднапираше полициско оклопно возило и ја држеше полицијата како заложник со цел да обезбеди ослободување на уапсени осомничени лица.

Судејќи според видеата на локалните медиуми, убиството било монструозно.

Обвинителството на таа држава само соопшти дека Аркос е убиен, но не се соопштени детали.

Гувернерката на државата Гереро, Евелин Салгадо, од владејачкото Движење за национална обнова, го осуди убиството, во објава на мрежата Икс.

Националниот лидер на опозициската Институционална револуционерна партија (ПРИ), Алехандро Морено, изрази жал за убиството на Аркос и потсети дека пред неколку дена беше убиен и новоименуваниот секретар на градскиот совет.

„Беа на должност неполна недела. Тие беа млади и чесни државни службеници кои бараа напредок на својата заедница“, напиша Морено. Чилпансинго е главен град на државата Гереро, каде се наоѓа познатото одморалиште Акапулко.

Тој град со години е место на крвави судири меѓу две нарко банди Ардилос и Тлакос, во кои беа извршени десетици убиства.

Претходната градоначалничка била снимена на видео како во ресторан се сретнала со водачите на една од бандите. Поради тоа била исфрлена од својата партија.

Убиството на градоначалникот се случи пет дена по инаугурацијата на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Таа утре треба да го претстави планот за национална безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ