„Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев“, портпарол на СВР Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.