сабота, 27 јули 2024

Убиецот од белградското училиште активно тренирал ерсофт: „Тактиката од тренинзите ја користел во злосторството“

Објавено на

часот

Сподели

„Тој не можел да стекне искуство по три посети на стрелиште, за со таква прецизност да ги убива своите ученици како што тоа го направил“, вели за Танјуг експертката за оружје Ана Симоновиќ.

Како што прецизира Симоновиќ, која има сертификати за ракување со речиси сите видови огнено оружје, момчето поминало обука, но не на стрелиште, туку активно тренирало „ерсофт“, односно воено-техничка симулација, и тоа го користел при извршувањето на злосторството.

Таа тврди дека таткото на 13-годишното момче го носел на тренинзи на ерсофт и заедно ја тренирале „антистрес играта на денешнината“, како што ја нарекува, која нема возрасна граница.

Симоновиќ истакнува дека според нејзиното мислење нема недостатоци во српскиот закон за поседување оружје и муниција, дури смета дека законот е престрог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ