понеделник, 21 октомври 2024

Убедлива победа на ракометните кадети над Црна Гора, Македонија ќе оди во главната рунда

Објавено на

часот

Сподели

Првото полувреме беше тесно, заврши со наша предност од 12-10, но во вториот дел го кренавме нивото и буквално го растуривме противникот победувајќи со девет голови разлика, 29-20.

Македонија играше тимски ракомет, за тоа говори и фактот што ниту еден играч од нашата репрезентација не постигна повеќе од три гола. По три погодоци реализираа Марио Стојановски, Томислав Димковски, Славчо Шулевски, Ненад Белистојановски и Самоил Ристевски. Сепак, вистински херој беше Давид Брестовац со 13 одбрани и 46-процентна успешност, поради што беше прогласен за играч на мечот. Галевски придонесе со пет интервенции и еден постигнат гол.

Овој триумф беше многу важен, веројатно клучен за Македонија да го освои второто место во групата во која се уште Норвешка и Грузија. Во последното коло, утре од 17.30 играме против Грузијците, но имајќи предвид дека тие загубија со 19-34 од Црна Гора, победата не би требало да биде ставена во прашање, а со тоа и пласманот во главната рунда. Таму Македонија ќе вкрсти со Австрија и со Данска, како најдобри селекции од групата Е.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ