недела, 27 октомври 2024

Убедлива победа на Фиорентина, деби гол за Белоти (ВИДЕО)

Денешниот ден во Серија А почна со убедлива победа од 5-1 на Фиорентина над Фросиноне.

Објавено на

часот

Сподели

Виолетовите во овој меч влегоа со низа од четири натпревари без победа во Серија А од кои дури три беа порази.

Таа негативна серија беше прекината со стил, со победа од 5-1 над Фросиноне.

Деби гол за Фиорентина постигна Андреа Белоти кој во финишот од јануарскиот преоден рок пристигна на позајмица од Рома.

Покрај Белоти, во првиот дел голови дадоа и Иконе и Мартинез Кварта. Со водство од 3-0 се замина на одморот.

По осум минути игра во вториот дел, Гонзалез погоди за 4-0, а во 66. минута Маџители реализираше за 4-1. Конечните 5-1 ги постави Барак на пет минути до крајот на мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ