сабота, 27 јули 2024

Убедлив пораз на македонските фудбалерки од Словенија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Словенија од 5-0 во квалификациите за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

По гостинската победа против Летонија, македонските фудбалерки денеска запишаа убедлив пораз од Словенија во Скопје.

Словенечките фудбалерки беа големи фаворитки во дуелот со Македонија и на тренинг центарот „Петар Милошевски“ покажаа дека се поквалитетна репрезентација.

Македонија се држеше до 23. минута кога Корошец даде гол за водство на Словенија од 1-0. Шест минути подоцна Звер изведе корнер, нашата голманка Панчурова лошо реагираше и топката заврши во нејзината мрежа.

По десет минути игра во второто полувреме Словенија преку Лара Прашникар зголеми на 3-0, а во финишот од мечот, во 84. и 88. минута Кајзба и Колбл реализираа за 5-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ