сабота, 27 јули 2024

Убедлив пораз на Македонија од Франција во историскиот меч на Европските првенства

Македонската репрезентација доживеа убедлив пораз од Франција со 39-29 во најпосетениот меч на Европските првенства и прв кој се играше на фудбалски стадион.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија вечерва беше дел од историја, нашиот меч против Франција беше најпосетуван ракометен натпревар во историјата на оваа игра, тоа беше и прв дуел на Европските првенства кој се играше на фудбалски стадион.

Имавме одличен старт на натпреварот, 20тина минути перфектно се носевме со силната Франција, имавме предност од 10-8 и напад за три разлика кој не го реализираше Филип Кузмановски.

Следуваше тајмаут на Франција по кој значително се сменија работите. Македонија влезе во црн период, Французите направија серија од 6-1 и поведоа со 14-11. На полувремето нивното водство изнесуваше 17-13.

Во второто полувреме Франзуците рутински го играа натпреварот, силите на теренот беа јасни, противникот беше многу подобар од Македонија. На крајот Франција славеше со 39-29.

Најефикасен во составот на Македонија беше Жарко Пешевски со седум голови, Џонов постигна шест, Кузмановски четири, Талески, Лазаревски и Митев по три. Митревски го заврши мечот со девет одбрани. Во составот на Франција Иго Деска имаше седум од седум, Наи даде шест, а Мем пет.

Мечевите од нашата група се селат во Берлин, следниот предизвик е против домаќинот Германија на 14. јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ