сабота, 27 јули 2024

Убави времиња, Таравари во друштво на Рама и Курти

Убави времиња. За Европа! Ова на својот фејсбук-профил го напиша лидерот на Алијанса за Албанците пласирајќи фотографии од разговорот што вчера го имал со премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Аљбин Курти. И Курти објави фотографии и кус текст за оваа средба, а Еди Рама на својот фејсбук-профил не објави ништо, туку на граѓаните на Албанија утрово им посака добро утро со видео од снежна идила на атрактивната природа на албанската држава.

Објавено на

часот

Сподели

„Албанците имаат историска и национална свест за јасна евроатланска ориентација и за градење сојузи засновани на вредности и верувања. Честопати имаме слични и заеднички предизвици. Политичкиот ангажман секогаш непоколебливо треба да е на услуга кон граѓаните. И на тој пат што е пред нас, мора да застанеме еден до друг, заради развој, демократизација, реформи, напредок и за благосостојба“, е коментарот на Курти за средбата со Еди Рама и Арбен Таравари.

Таравари кусо напиша: „Убави времиња. За Европа“!

Односите меѓу Рама и Курти поодамна се студени. Таравари е дел од владината коалиција во Македонија. Курти им имаше дадено поддршка на опозициската коалиција на македонските Албанци, Европски сојуз за промени. Дури и преку своето Самоопределување најаави учество на македонските избори. Вчера во Скопје Курти рече дека не се меша во внатрешните работи на Македонија и дека Самоопределување не е регистрирано во Македонија.

На Таравари му намигнуваат од опозицискиот блок. Тој е на два ума.

Таравари вчера за средбата рече дека му се заблагодарил на Рама за континуираната координација, а на Курти му кажал дека Алијанса за Албанците е непоколеблива „во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово, што во континуитет е нарушувано од Република Србија“.

Рама лак, објави видео – поздрав до своите граѓани. Од својата земја.

 П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ