сабота, 27 јули 2024

Убав викенд нѐ очекува, од понеделник пад на температурите

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер. 

Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ