среда, 29 мај 2024

Уапсено едно лице на мечот меѓу Шкендија и Струга

МВР информира дека во Тетово, на натпреварот помеѓу Шкендија и Струга било уапсено едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка кон друго лице.

Објавено на

часот

Сподели

„На 12.05.2024 околу 19.00 часот на Градски стадион во Тетово, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите од ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Струга Трим Лум“ од Струга, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.М.(18) од кичевско Жубрино затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.

Струга како гостин со 2-0 го доби натпреварот и ја завери шампионската титула, втора по ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ