недела, 20 октомври 2024

Уапсените хулигани денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, повеќе од 50 Хрвати се во бегство

Објавено на

часот

Сподели

Од уапсените најголемиот дел се фанови на Динамо Загреб, а пристигнуваат и нови кои полицијата во меѓувреме ги апси. Таков е случајот со петте Хрвати кои ноќта беа фатени како со брод сакаат да избегаат во Италија.

Информациите од Грција велат дека во бегство се најмалку уште 50 хрватски навивачи. Полицијата поставила блокади на автопатите, а особено внимание се посветува на граничните премини за излегување од земјата.

Оние кои се уапсени, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Во тек се лабараториски истражувања на ДНК и други докази за идентификација на сторителите на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ