понеделник, 24 март 2025

Уапсениот ривал на Ердоган: „Обвинувањата против мене се незамисливи“

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги негира сите обвиненија за тероризам, покажува судскиот документ што на увид го имал Ројтерс, откако турските власти го приведоа во средата под наводна корупција и тероризам.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, за време на испрашувањето, сфатив дека и јас и моите колеги се соочуваме со незамисливи обвинувања и клевети“, вели Имамоглу во својата одбрана за време на испрашувањето пред антитерористичката полиција, покажува документот.

Имамоглу е клучна опозициска фигура и се смета за најжесток политички ривал на претседателот Таип Ердоган и негов потенцијален противник, а беше уапсен непосредно пред номинирањето за претседателски кандидат.

„Овие клевети ќе им се вратат откако ќе удрат во ѕидовите во срцата на нашите граѓани“, рече Имамоглу.

„Клучно е нашата земја што поскоро да се ослободи од овој менталитет, бидејќи таквите луѓе мислат дека имаат право да направат сè за да ги заштитат своите позиции“, рече Имамоглу, алудирајќи на Ердоган.

Имамоглу се очекува да се појави пред судот вечерва, кога ќе биде донесена одлука за негово ослободување или притвор до судењето.

Десетици илјади Турци излегоа на улиците во главно мирни протести од средата, предизвикани од неговото апсење.

Турските власти приведоа 343 лица за време на протестите во текот на ноќта во неколку градови, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.

Републиканската народна партија (ЦХП) на градоначалникот, главната опозициска партија, го осуди потегот како политички мотивиран и ги повика поддржувачите на легални протести.

Во исто време, турските власти блокираа најмалку 85 профили на онлајн социјалната платформа Икс. Според Енџеливеб, турска иницијатива која ја следи цензурата на интернет, профилите на истакнати феминистички и студентски групи кои ја критикуваат администрацијата на Ердоган се блокирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ