сабота, 27 јули 2024

Уапсени тројца сторители на тешки кражби од Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели


Тројцата се товарат за девет тешки кражби од викендички, една тешка кражба од магацин, една кражба од двор и четири кривични дела, за кои се гонат по приватна тужба: три оштетувања на туѓи предмети и една кражба, сите од подрачјето на Гази Баба, а сторени во периодот од 20 март до 11 октомври минатата година.

Притоа, тие стекнале вкупна противправна имотна корист од околу 510.000 денари.

Тројцата пријавени И.Г. (18), О.У. (18), З.С. (16), со цел за себе да стекнат противправна имотна корист, претходно договорени, во посочениот период на различни места на подрачјето на Гази Баба извршиле кривични дела тешки кражби, кражби и оштетувања, при што украле разновиден електричен и машински алат, предмети за домаќинство, покуќнина, облека и друго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ