сабота, 27 јули 2024

Уапсени се 6 пропалестински активисти кои сакале да ја саботираат лондонската берза

Британската полиција уапсила денес шест лица, членови на протестната група Палестинска акција, во рамки на истрагата за наводен заговор за попречување на работата на лондонската берза ЛСЕ.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лондонската берза ЛСЕ е една од најголемите и најстари европски берзи.

Полицијата сооопшти дека активистите планирале да предизвикаат штета и да го спречат отворањето на зградата на берзата за утрешното тргување. Во соопштението се наведува дека три лица се уапсени во градот Ливерпул на северот на Англија, две во Лондон и едно во јужниот крајбрежен град Брајтон.

„Ова се важни апсења. Веруваме дека оваа група била спремна да изврши попречувачка и штетна акција која можела да има сериозни импликации ако била успешно изведена“, кажа детективот Шон Томас.

Полицијата соопшти дека на сите уапсени им е одреден притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ