сабота, 27 јули 2024

Уапсени прилепчаните кои запалиле возило

Вчера прилепската полиција ги приведе В.Б. (34) и Д.М. (22) од Прилеп, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Објавено на

часот

Сподели

На 19 декември улицата „Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска  до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ