Уапсени се Ѓ.Н. (28) и Г.М. (35), двајцата од Алексинац, Б.Н. (29) од Лозница, П.Ј. (32) од Нови Сад, Ѓ.А. (44) од Зрењанин, К.В. (39), државјанин на Руската Федерација, А.С. (42) од Смедерево и Д.И. (54) од Белград.
Во соопштението се наведува дека при претресот на становите на осомничените е најдено големо количество видео-снимки и фотографии направени со искористување малолетни лица во порнографски цели, содржини со сексуална експлоатација на деца на возраст од три до 14 години, како и пораки со сексуална содржина на кои осомничените полово вознемирувале деца и малолетници“.
Се додава дека некои од уапсените, како што се сомнева, барале и малолетниците да им испраќаат фотографии и снимки на кои се голи.
На реализацијата на акцијата придонел пристапот на Србија на платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (НЦМЕЦ) од Соединетите Американски Држави, која е глобален лидер во помошта за спречување грабнувања и наоѓање исчезнати деца и борбата против сексуалната експлоатација на деца на интернет.
На осомничените им е одредено задржување до 48 часа и тие, со кривични пријави, ќе бидат приведени во надлежното обвинителство.