петок, 18 октомври 2024

Уапсени крадци на акумулатори

Објавено на

часот

Сподели

Тешките кражби, пријавените ги извршувале на тој начин што откако ќе дошле до моторните возила, со употреба на полесен алат (штрафцигер) ја отворале возачката врата, ја повлекувале рачката од хаубата и откако ќе ја отвореле хаубата со посебен алат за сечење кабел (специјални клешти-шпицангли) ги сечеле каблите од акумулаторот го одземале истиот  и го напуштиле местото.

Во еден од случаите, го отвориле багажникот од возилото па по влегувањето во ПМВ,  ја повлекле рачката од хаубата, и ја повториле постапката на одземање на акумулаторот.

Петтопријавениот Д.Ј. кривичното дело  “прикривање“ , го извршил на тој начин што со цел за себе да стекне противправна имотна корист во периодот од септември 2010 година до средината на декември минатата година, откупил дваесет  акумулатори од пријавениот К.Т. по цена од 800 денари од акумулатор, иако знаел дека пријавениот акумулаторите ги прибавувал односно стекнувал со кривично дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ