сабота, 27 јули 2024

Уапсени фалсификатори на пари

Објавено на

часот

Сподели

Шест велешани се уапсени поради фалсификување пари и против нив се поднесени кривични пријави.

На 14.10.2011 година, на паркинг-простор на улицата Петре Прличко во Велес, инспектори од одделот за недозволена трговија извршиле преглед во патнички автомобил „сеат ибица“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на пријавениот В.Н.

Во возилото се наоѓале и пријавените Б.А. и И.Т.

При преглед на еден паричник пронајдени се две фалсификувани банкноти од 100 евра, во ташниче биле пронајдени 18 фалсификувани банкноти од 100 денари, потоа кеса во која имало отпечатени вкупно 34 банкноти од 100 денари на хартија А4-формат и четири фалсификувани банкноти од 100 денари.

Во автомобилот се пронајдени и ножици и најлонско кесе во кое имало едно скршено јајце за кое подоцна е утврдено дека им служело за премачкување на фалсификуваните банкноти за да го добијат вистинскиот изглед.

При објавениот разговор со нив добиени се сознанија дека пред извесен период од лице од селото Арачиново, купиле фалсификувани 400 евра за кои платиле 120 евра, кои подоцна ги пуштале во оптек.

Пријавените исто така изработиле лажни банкноти од 100 денари на компјутерот на Ц.Н., кои подоцна ги пуштале во оптек во продавници, ресторани и други продавници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ