сабота, 27 јули 2024

Уапсени двајца кумановци, ќе се вратат во затвор на доиздржување на казната

Кумановската полиција викендов ги уапсила С.С. и М.И., двајцата од Куманово кои биле барани со централна потерница за доиздржување на казна затвор.

 

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, С.С. бил осуден на казна затвор од 10 години за сторени кривични дела разбојништво и тешка кражба, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната.

М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело тешка кражба.

Уапсените биле спроведени во затворот К’шање за доиздржување на казните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ