сабота, 27 јули 2024

Уапсени членови на Исламска држава, кои планирале терористички напад

Иранската полиција соопшти дека уапсила висок оперативец на Исламска држава заедно со уште двајца членови на терористичката група, кои се обвинети дека планирале самоубиствен напад за време на прославата на Бајрам следната недела.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека Мохамед Закер, познат како Рамеш, и уште двајца се уапсени во Карај, западно од главниот град Техеран, во две одделни полициски операции по судирите со нив, пренесува агенцијата Тасним.

Приведени се уште осум лица, за кои постои сомнеж дека биле нивни соучесници.

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете експлозии во Иран во јануари, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, а беа ранети уште десетици кои присуствуваа на комеморацијата на поранешниот ирански командант Касем.

Касем Сулејмани беше убиен во Ирак во 2020 година во американски воздушен напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ