четврток, 26 декември 2024

Уапсена нарко-банда, предводена од Албанец, која во банани шверцувала 3 тони кокаин во Европа

Полицијата во Еквадор и Шпанија уапси 30 лица осомничени дека припаѓаат на криминална организација која под водство на Албанец се обидела по морски пат од Јужна Америка во Европа да пренесе 3,2 тони кокаин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Истовремено извршен е претрес на 21 просторија во Шпанија и 56 во Еквадор“, соопшти вчера шпанската полиција.

Групата превезувала кокаин од Колумбија, каде што бил произведен, до пристаниште во соседен Еквадор. Оттаму со брод го транспортирала до шпанските пристаништа како Малага, Валенсија и Барселона. Дрогата била скриена во контејнери со банани.

„Таа организација е одговорна за обидот за увоз на најмалку 3,2 тони кокаин во Европа“, соопшти полицијата.

Групата имала шест трговски компании во Еквадор и четири во Шпанија кои парите од продажбата на дрога ги инвестирале во недвижен имот.

На чело на организацијата бил албанскиот државјанин Дритан Ѓика, поврзан со еквадорскиот бизнисмен Рубен Шерес, кој беше убиен во март, објави новинската агенција ЕФЕ, повикувајќи се на неименуван извор од еквадорската полиција. Организацијата главно оперирала од шпанскиот град Малага и еквадорскиот град Гвајакил.

Извезувала банани од Еквадор во Албанија, Белгија, Холандија и Турција. Еквадорската полиција смета дека соработувала со криминална група во Албанија која организирала понатамошна дистрибуција на дрогата во Европа.

Меѓу уапсените има државјани на Колумбија, Аргентина, Кина, Шпанија, Еквадор и Албанија. Полицијата им запленила 400.000 евра готовина, луксузни автомобили и часовници и блокирала недвижен имот во Шпанија вреден 13 милиони евра, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ