петок, 26 јули 2024

Уапсен заменикот на моќен руски генерал

Генерал-полковникот Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Комерсант пишува дека била пребарана куќата на Шамарин, а потоа тој бил одведен на распит. Ова е четврто апсење на висок функционер на руската одбрана од април, кога заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.

Оттогаш, уапсени се и генерал-полковникот Јуриј Кузњецов, шеф на персоналот во Министерството за одбрана, и генерал-мајорот Иван Попов, поранешен командант на руската 58-ма армија. Низата апсења доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија, откако месецов претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер, заменувајќи го со Андреј Белоусов.

Во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубли. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ