Уапсен возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп
Денеска околу 11 часот на наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при одделот за гранични работи и миграции запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С. од Тетово кој за време на контролата на автобусот, на полицаецот му понудил пари со цел да не продолжи контролата, по што А.С. е веднаш уапсен и осомничен за сторено кривично дело нудење поткуп.
Објавено на
часот