петок, 25 октомври 2024

Уапсен Сириец, сакал да прошверцува седум мигранти преку Македонија

Вчера околу девет часот утрото во близина на село Мрзенци, гевгелиско, кај местото викано Авлаќ, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица пронашле седум мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Поради основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти од слобода бил лишен A.A. од Сирија. Тој бил задржан во полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а останатите шестмина биле спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ