недела, 20 октомври 2024

Уапсен раперот Шон Диди Комбс, обвинет е за сексуални напади и трговија со луѓе

Музичкиот могул Шон Диди Комбс е уапсен во Њујорк под федерално обвинение за сексуален напад и трговија со луѓе, потврди неговиот адвокат за Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Раперот е соочен со повеќе тужби за сексуални напади и федерална истрага за трговија со луѓе во последната година.

Комбс, кој е во Њујорк од минатата недела, е уапсен во понеделникот во хотелот Парк Хајат во 57-та улица на Менхетн и го привеле силите на Истрагата за внатрешна безбедност синоќа околу 20:15 часот, кажа извор за Си-ен-ен.

Обвиненијата и деталите на случајот против Комбс во овој момент се нејасни.

Преговорите за предавање на Комбс биле во тек, а запечатеното обвинение било издадено вчера, навел изворот.

„Разочарани сме од одлуката да се продолжи со неправедниот прогон на господинот Комбс од страна на американскиот обвинител“, кажа Марк Ањифило, адвокатот на Комбс.

Тој кажа дека музичарот соработувал во истрагата која довела до поднесување обвинение и дека „доброволно се преселил во Њујорк минатата недела во очекување на овие обвиненија“. Неговиот тим тврди дека е невин и дека нема што да крие.

„Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, претприемач кој сè стекнал сам, семеен човек полн со љубов и докажан филантроп кој во последните 30 години изградил империја, но и ги обожавал своите деца и работел на подобрување на условите во кои живее афроамериканската заедница. Тој не е совршена личност, но не е криминалец“, кажа Ањифило.

Претходно оваа година Комбс беше под повеќемесечна истрага за трговија со луѓе која ја спровела Агенцијата за истраги на внатрешната безбедност, која вклучуваше детални пребарувања на куќите на музичарот во Лос Анџелес и во Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ