„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). Може од секоја етничка припадност и пол“, напиша неодамна тој во неговата објава.
Дел од македонските медиуми по неговото апсење објавија дека тој бил фатен во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија, при обид за бегство, со информација дека тој се сомничи за трговија на дрога.
Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје.