сабота, 19 октомври 2024

Уапсен прилепчанец поради предизвикување пожар

Полицијата вчера уапсила 77 годишен прилепчанец под сомнение дека предизвикал пожар.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска МВР, околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени нема.

По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ