сабота, 27 јули 2024

Уапсен поранешниот министер за стопанство на Хрватска: се сомнева дека добил субвенции за лалиња, но дека не ги посадил

Поранешниот министер за стопанство на Хрватска и директор на Кроација осигурување Хрвоје Војковиќ е уапсен денес по налог на хрватската канцеларија на европскиот јавен обвинител.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Н1 пренесува дека неофицијално дознале дека Војковиќ е уапсен поради субвенциска измама и фалсификување деловна легитимација, а се сомнева дека добил субвенции за садење лалиња кои никогаш не ги посадил.

Војковиќ бил член на Хрватската социјална либерална партија од 1989 до 2010 година. Во 2002 година станал министер за стопанство, а во 2004 шеф на Кроација осигурување.

Поранешниот политичар од местото претседател на управата на Кроација осигурување бил сменет откако во 2010 медиумите почнале да пишуваат за наводна бесправна градба на викендичка со базен. Една година подоцна бил обвинет за бесправно градење на викендичка во заштитеното подрачје на Паркот на природата Жумберак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ