понеделник, 16 септември 2024

Уапсен неготинец кој поседувал карабини и машинки за изработка на ловни патрони

Неготинец бил лишен вчера од слобода, при претрес му биле пронајдени пушки карабини без дозвола, како и машинки за изработка на патрони и пиротехнички средства, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 9.45 часот во Неготино,  полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино го лишиле од слобода неготинецот С.Н.(49). Со наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и ОВР Кавадарци извршиле претрес во неговиот дом во Неготино и во село Бојанчиште, кавадаречко.

Притоа биле пронајдени и одземени два карабина марка застава, кои ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за изработка на ловни патрони, две машинки за ставање и извлекување на иницијални каписли, комплетна опрема за изработка на ловни патрони, ловни патрони, куршуми и пиротехнички средства.

С.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ