Инспекторите кај 26-годишниот Луиџи Манџионе од централна Пенсилванија пронашле огнено оружје слично на она што било употребено во минатонеделното пукање во Њујорк, соопштија извори на Ен-би-си.
Покрај тоа, Манџионе имал и документ на две страници во кој ја критикува здравствената индустрија.
Брајан Томпсон, претседателот на управата на Јунајтед хелткер, најголемата здравствена осигурителна куќа во Соединетите Американски Држави, во средата беше застрелан и убиен во центарот на Менхетн. Томсон во моментот на нападот одел кон њујоршкиот хотел Хилтон во центарот на Менхетн за да присуствува на конференција на Јунајтед хелткер.