Од МВР денеска соопштија дека при пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра. Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.