среда, 26 март 2025

Уапсен е Дени Масев, поранешниот директор на фудбалската А-репрезентација

Дени Масев кој до неодамна ја извршуваше функцијата директор на фудбалската А-репрезентација е во притвор, наводно поради поврзаност со криминалната група на Реде Трајковски – Штекли кој претходно беше уаспен поради сомнение за трговија со дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) велат дека немаат никаква информација за Масев и дека тие го разрешиле од функцијата уште минатата седмица.

„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација.

Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица.

Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.

Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се вели во соопштението на ФФМ.

Тој на директорската функција на А-репрезентацијата беше именуван од претходното раководство од кое беше разрешен во октомври минатата година, а на почетокот на јануари на истата функција беше назначен и од новото раководство на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ