сабота, 27 јули 2024

Уапсен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ (ФОТО)

Вечерва за МКД.мк од МВР потврдија дека е приведено лицето Д.А. во чиј џип полицијата пронашла 749 пиротехнички средства. Дознаваме дека се работи за Дрин Ахмети, син на братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, инаку познат по купувањето на деловниот објект Соравиа во Скопје.

Фото: Од прес-конференција на Дрин Ахмети

Објавено на

часот

Сподели

„Запленети се 749 пиротехнички средства во Скопје, приведено е едно лице.
Денеска во 19.50 часот на улицата Самуилова во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило марка ренџ ровер со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од селото Зајас, кичевско и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, ни соопштија од МВР.

MВР сподели една фотографија од багажниот дел на џипот натоварен со пиротехника.

Фотографијата покажува дека џипот бил претоварен со различни видови на пиротехнички средства, стока што брзо се продава пред пречекот на Нова година. Што точно е запленето и од каде потекнуваат петардите и „динамитките“ и другите видови пиротехника, веројатно утре подетално ќе биде соопштено, но и што точно може да значи „поднесокот“ што МВР во вакви случаи ги поднесува, а кои, ако е соодветно делото, се адресираат до обвинителството.

Возилото е однесено пред полициската станица кај Беко во Скопје, каде е и Ахмети на сослушување.

За внукот на Ахмети јавноста дозна на почетокот од летото кога беше објавено дека го купил (како косопственик) деловниот објект Соравиа во центарот на Скопје вреден над милион евра.

Дрин Ахмети со 25 години одеднаш стана голем бизнисмен кој преку компанијата Тор индустри и преку неговата компанија Еверест ЏД експлоатора варовник на доделена концесија во Зајас.

За него лидерот на  ДУИ има изјавено дека не се меша ниту се разбира од бизнис, но дека Дрин Ахмети е способно момче со диплома од познат универзитет во странство и дека создал добри деловни врски. Бил баран во странство да остане и да работи, но решил да работи во Македонија, ќе рече Али Ахмети.

Експресно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ откаде порачаа: „Со оглед на фактот дека Али Ахмети е од ‘европската коалиција’, а вечерва милионерот Дрин Ахмети освен што ја купил Соравиа,, дознаваме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства.“?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ