сабота, 11 јануари 2025

Уапсен дебранец поради семејно насилство

Полициски службеници од Полициската станица со општа надлежност – Дебар уапсиле дебранец поради агресивно однесување кон неговата сопруга.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Од слобода е лишен Ј.Ј.(38) од дебарско село, по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 27 – годишна сопруга од истото село. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека селото од каде се сопружниците не се соопштува заради заштита на жртвата.

Ова е прв регистриран случај на семејно насилство во Дебар годинава. Според полициската евиденција минатата година регистрирани се 11 случаи на семејно насилство од кои пет се насилно однесување кон сопруга. Истите во најголем процент потоа биле и причина за поведување бракоразводна парница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ