„Кривична пријава е поднесена против Ф.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Додава дека при преглед во патничко возило фолксваген голф, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана и дробилка.
Под истите сомненија деновиве кривична пријава беше поднесена против А.Ц. од Дебар. При преглед во возило пежо, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.