сабота, 19 октомври 2024

Уапсен Босанец кој сакал да прошверцува 15 Кинези низ Македонија (ВИДЕО)

Синоќа на граничниот премин (ГП) Богородица, на излез од Македонија, полицијата го уапсила 38 годишниот Босанец М.А. кој управувал товарно возило мерцедес со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои еден малолетник, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело криумчарење на мигранти против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија“, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ