сабота, 27 јули 2024

Уапсен битолчанец откако пукал по кучиња од воздушна пушка

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во Битола на ул.Димитар Илиевски Мурато од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И .Г.(29) од Битола. Тој, управувајќи патничко возило пасат со битолски регистарски ознаки, кај место викано Грозд, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници.

Од него биле одземени воздушна пушка марка гамо калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје, велат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ