„На 15 април 2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во село Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави“, информираа од МВР.
Уапсен 73-годишен крушевчанец, дома чувал оружје и дрога
ОВР Крушево уапсила 73-годишен крушевчанец во чиј дом завчера биле пронајдени оружје и дрога. Тој бил приведен во полициската станица Прилеп и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираа од МВР.

Фото: Илустрација
Објавено на
часот