Во согласност со стратегијата за забрзан и континуиран растеж и обезбедување на најдобри услуги на своите клиенти, Халкбанк АД Скопје е постојано отворена за нови, образовани, високо мотивирани и талентирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.
Халкбанк во моментов бара кандидати за вработување без претходно релевантно искуство за позицијата референт, кои може да очекуваат конкуретна нето плата и приватно здравствено осигурување за вработените и членови од нивното семејство. Покрај значително поголемиот износ од минималниот за исплата на годишен регрес, кандидатот што ќе биде вработен треба да очекува и награди врз основа на системот на бонуси, континуирани обуки за кариерен и професионален развој спроведени од банката, како и отворен пристап и пријатна работна средина.
Покрај тоа, вработувањето во Халкбанк АД Скопје значи и да се биде дел од динамична работна средина насочена кон развој и иновации, можност за соработка со амбициозен тим со големи можности за забрзан професионален развој и континурано стручно усовршување под менторство на експертскиот и искусен кадар. Угледот на банката, досегашните резултати како и стремежот за заземање на една од водечките улоги на македонскиот финаниски пазар, се гарант на стабилноста, сигурноста и перспективноста на банката.
За возврат, од кандидатите се бара да бидат личности кои знаат да ги препознаат можностите за остварување профит, способност за функционирање во високо развојна и пазарно флексибилна средина и располагање со квалитет и ефективност во работењето.
Една од придобивките од работата во Халкбанк е и користењето на простории со фитнес центар, пинг понг, пикадо, билјард и менза. Сплотената и инклузивна атмосфера во банката се огледува и преку спроведување редовни тим билдинзи, спортски активности, настани за дружење и заеднички патувања, како и наградувања и инсентивни наградни игри наменети за вработените во филијали, а треба да се истакне и успешното функционирање на синдикалната организација за остварување на правата на вработените.