сабота, 27 јули 2024

Твитер го напушти доброволниот кодекс на ЕУ за борба против дезинформации

Објавено на

часот

Сподели

Кодексот вклучува обврска за следење на политичко рекламирање, прекин на финансирањето на авторите на дезинформации и соработка со организации за проверка на факти. Бретон рече дека борбата против дезинформациите ќе биде законска обврска според таканаречениот Закон за дигитални услуги, кој стапува на сила на 25 август.

Новиот закон исто така значи дека компаниите ќе мора да ги модерираат своите платформи и да ги отстранат штетните содржини како што се дезинформациите и да имплементираат протоколи за да го блокираат нивното ширење. Компаниите исто така мора да ја зголемат транспарентноста во поглед на односот кон своите корисници и да ги поедностават договорите со нив.

„Нашите тимови ќе бидат подготвени да го спроведат (законот)“, напиша Бретон. Твитер и другите социјални мрежи, вклучително и Тикток, Мета и Гугл, го потпишаа доброволниот кодекс во 2018 година. Во февруари, комисијата објави извештаи за тоа како платформите го спроведуваат кодексот и забележа дека Твитер не доставил „конкретни информации или соодветни податоци“ поврзани со обврските за транспарентност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ