среда, 11 декември 2024

Твитер ги означи американски НПР и британски Би-би-си како „медиуми финансирани од власта“

Објавено на

часот

Сподели

Промената на начинот на кој Твитер го означува Националното јавно радио (НПР) со седиште во Вашингтон се случи во саботата вечерта и следеше откако мрежата се пожали дека изразот „поврзан со државата“ е омаловажувачки и неточен, па Твитер ја смени ознаката во „финансиран од власта“.

Твитер минатата недела го означи НПР на ист начин како кинеските и руските платформи под контрола на властите на тие држави. Во знак на протест, НПР престана со твитање.

Главниот профил на НПР на социјалната мрежа со над 8,8 милиони следачи ги повика корисниците „да ги најдат на други места каде што читаат вести“. Извршниот директор на НПР Џон Лансинг кажа дека одлуката на Твитер е „неприфатлива“.

Твитер новата ознака му ја додели и на Би-би-си, кој веднаш побарал објаснување.

„Би-би-си е независен и секогаш бил. Го финансира британската јавност преку претплата“, соопшти британскиот јавен сервис.

Претплатата, чиј износ го одредува владата, се плаќа 159 фунти годишно.

Профилот на Би-би-си на Твитер со 2,2 милиони следачи доби ознака, додека попопуларните профили поврзан со ударните вести и спортските изданија на корпорацијата во моментов не се опишани на тој начин. Истото е и со другите профили на НПР, како музичкиот, на пример.

Сопственикот на Твитер Илона Маск го опиша Би-би-си како „една од најмалку пристрасните“ организации откако медиумот се побуни за тоа дека е означен како „финансиран од власта“.

„Треба да напоменам дека ги следам вестите на Би-би-си на Твитер бидејќи сметам дека се меѓу најмалку пристрасните“, порача Маск.

Во случајот на НПР, Маск напиша дека принципот на Твитер е едноставно „праведен и еднаков пристап“, па „ако неамериканските профили ги означуваме како владини, тогаш истото треба да го направиме и со американските“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ