понеделник, 20 мај 2024

Туск бара објаснување на изјавата на Дуда за нуклеарното оружје: Таа идеја е многу сериозна

Премиерот на Полска Доналд Туск кажа дека сака претседателот на таа земја Анджеј Дуда да му даде повеќе детали за својата изјава дека Полска е спремна на нејзина територија да биде разместено нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Таа идеја е многу сериозна. Би морал да ги знам сите околности кои претседателот го натерале да ја даде оваа изјава“, кажа Туск во Варшава.

Тој истакна дека сака поради тоа да се сретне со Дуда за да ги разбере неговите намери, пренесува Шпигл.

„Исто така сакам сите иницијативи да бидат многу добро подготвени од страна на одговорните, и сите да бидеме убедени дека тоа е она што го сакаме“, порача полскиот премиер.

Дуда за весникот Факт потврди дека неговата земја е спремна на своја територија да размести нуклеарно оружје доколку НАТО се реши на тој потег.

„Ако нашите сојузници се одлучат да стационираат нуклеарно оружје на нашата територија во рамки на нуклеарната размена за да ја зајакнат безбедноста на источното крило на НАТО, спремни сме на тоа“, кажа полскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ