понеделник, 3 март 2025

Туск: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск пред пристигнувањето на неформалниот самит на европските лидери во Лондон изјави дека Европа мора посериозно да ја сфати сопствената одбрана и да престане да зависи исклучиво од Америка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е парадокс, слушнете како тоа звучи: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси. Ако знаеш да броиш – сметај на себе!“, порача Туск.

Тој истакна дека Европа денес има „недостиг од фантазија и храброст“, иако располага со воена сила која ги надминува руските капацитети.

Полскиот премиер наведе и бројки:

Европа, вклучувајќи ја Украина, има 2,6 милиони војници, додека Русија има 1,1 милион

Европа има 2.091 борбен авион, а Русија 1.224

Европа располага со 14.400 артилериски системи, додека Русија има 5.157.

Туск истакна дека „Европа има потенцијал да биде голема сила“, но дека е „крајно време да се разбуди и сериозно да ја сфати одбраната“.

Тој оцени дека пораката е јасна – „целта мора да биде мир преку сила, а никако преку капитулација на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ