Керолин Хиронс, квалификуван естетичар од Меѓународната конфедерација за козметичка терапија и козметологија, споделува вообичаени практики што треба да ги избегнувате кога станува збор за чистење на лицето под туш и совети што да правите наместо тоа.
Таа укажа на опасностите од миењето на лицето со топла вода, што може да доведе до пукање на капилари поради проширени крвни садови.
Фактори како стареење, воспалителни состојби, прекумерен притисок врз кожата и оштетување од сонце може да го предизвикаат овој проблем, што може да доведе до слабеење на кожата и намалување на колагенот.
Хиронс предлага едноставен чекор за да го избегнете овој проблем, а тоа е да го измиете лицето со ладна или млака вода наместо со топла.
„За повеќето луѓе, водата со која се тушираат е премногу топла за нивното лице. Иако телото може да го издржи, лицето не може. Може да ви пукнат капилари и да бидете црвени“, вели таа.
Наместо тоа, Каролина Хиронс препорачува да се туширате со грбот свртен кон тушот.
Институтот за дерматологија и кожна хирургија предупреди дека миењето на лицето со топла вода може да ги одземе природните масла на кожата, што ќе доведе до сувост, иритација и појава на акни. Од таму нагласуваат дека чистењето на лицето на соодветна температура треба да се прави наутро и навечер.
За едноставна, но ефикасна рутина за нега на кожата, квалификуваниот естетичар предлага секој ден да користите средство за чистење, хидратантна крема и заштитен фактор. За да се подобри текстурата на кожата, таа препорачува употреба на киселини и ретинол, а за поголем сјај, додавање производи кои содржат витамин Ц и масла за лице.