сабота, 21 декември 2024

Турските медиуми: Ердоган ќе оди во Москва кај Путин

Објавено на

часот

Сподели

Како што е соопштено, Ердоган планира со Путин да разговара за Договорот за житото, од кој Русија се повлече во јули годинава, откако ниеден нејзин услов не беше исполнет речиси една година, според објаснувањето на Москва.

„Според информациите кои ги добивме од извори блиски до претседателот (на Турција), претстојната посета на претседателот Ердоган на Русија ќе има одлучувачка улога за постигнување договор. Од друга страна, беше кажано дека Турција друга рута за житото без Русија ја смета за „нездрава““, наведува весникот.

„Советникот на претседателот Акиф Чатагај Килиќ ќе замине во Украина, додека се очекува министерот за надворешни работи Хакан Фидан да ги посети и Украина и Русија. Од друга страна, претседателот Реџеп Таип Ердоган би требало да се сретне со Путин во Русија. Според информациите добиени од извори блиски до претседателот, посетата на Ердоган ќе биде важен чекор за продолжување на имплементацијата на договорот за „житниот коридор““, додава весникот.

Ердоган и самиот потврди дека е многу веројатно наскоро во живо да се сретне со Путин, и наведе дека средбата најверојатно ќе се одржи во септември, иако, како што оцени, „распоред е густ“ поради самитот Г20 во Индија и Генералното собрание на ОН во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ